Потпишаа предбрачен договор: Доколку Пит ја изневери, Џоли ги зема децата
Милионски предбрачен договор потпишаа и една од најславните холивудски двојки Анџелина Џоли и Бред Пит.
Во случај Бред да ја изневери Анџелина со друга жена, таа ќе го добие старателството врз децата. Тоа е една од многуте интересни клаузули во предбрачниот договор на славниот пар.
Парот е тежок 425 милиони долари, и договорено е во случај на развод, секој да го земе она што го донел во бракот. Парите кои ги заработуваат во бракот ќе бидат уплатени во фондови на нивните деца.
Освен што потпишале предбрачен договор, напишале и тестамент, во кој повеќето пари ги наследуваат нивните деца. Другиот дел од парите оди во сиромашните подрачја од каде се посвоени нивните деца. Освен тоа, актерката ги осигурала парите за истражување на ракот на дојка.
Се чини дека адвокатите ја наговориле Анџелина во договорот да вклучи клаузула за прељуба, бидејќи Бред бил во брак со Џенифер Анистон кога започнал врска со неа. А ако тоа го направил еднаш, кој може да потврди дека нема да го направи и по втор пат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа