Јапонија има најголем број лица над 100 години
Јапонија може да се пофали со рекорден број на лица кои се на возраст над 100 години, објави германската новинска агенција ДПА.
Јапонската Влада денеска соопшти дека во земјата има 58.820 лица на возраст над 100 години, што е за 4.400 лица повеќе во однос на минатата година. Од нив, вкупно 87 проценти се жени.
Во последната декада прјот на стогодишници во земјата нагло се зголеми. Во 1963 година, кога започнала да се води официјална статистика, имаше само 153 лица на возраст над 100 години.
Зголемувањето на бројот на лица на 100 и повеќе години во Јапонија се должи пред се на напредната медицина, здравата кујна, но и на нискиот наталитет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа