Владата на САД го уценувала „Јаху“ да соработува во шпионирањето

 

Компанијата „Јаху“ соопшти дека американската Влада и се заканила дека ќе и воведе казна од 250 илјади долари на ден, доколку не ги исполни барањата за усогласување на нејзината работа со законoдавството за проширување на следењето на податоци, кое го спроведуваат властите.

Деталите од тајната судска битка на интернет гигантот против шпионирањето, кои ги спроведува Владата на САД беа обелоденети, откако федерален судија нареди од некои од судските материјали да биде остранета ознака за тајност. 

„Јаху“ истакна дека Владата предложила измени во законот, со цел да може да бара информации за корисници на компаниите што нудат интернет услуги, со што беше предизвикан правен спор во 2007 година. 

12.09.2014 - 09:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега