Русија демантираше дека загинале илјадници руски војници во Украина
Руското Министерство за одбрана ги нарече „целосна лага“ тврдењата на портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Андриј Лисенко дека според податоци на оперативното разузнавање на територијата на Украина загинале илјадници руски војници, јави ИТАР-ТАСС.
Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков напомена досега повеќе пати е забележан механизмот на функционирање на украинската „информативна вртелешка“, во која измислени соопштенија преку повеќекратно повторување се претвораат во „реален факт“, што потоа го пренесуваат водечките западни медиуми.
- Денес недостига само последниот елемент од таа вртелешка, а тоа е објавување на таа лага во некој од водечките западни медиуми. Очигледно нема да чекаме долго, нагласи портпаролот на руското Министерство за одбрана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа