Јанакиески го стави Жерновски „во ќоше“
Владата ќе и даде право на трајно користење на државно градежно земјиште на општина Центар, со цел изградба на детска градинка. Оваа одлука беше донесена на последната владина седница. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денеска информираше за ова, го повика градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, да се зафати за работа и што поскоро да го реализира овој проект кој е од витално значење за граѓаните.
-Изградбата на оваа градинка претставува и барање на жителите на општина Центар и населбата Капиштец и ние како ресорно министерство и Влада, ги овозможуваме сите предуслови за реализација на еден ваков проект. Како министерство, стоиме на располагање да помогнеме во било која постапка и за овој и за било кои други објекти кои се во интерес на граѓаните на општина Центар. Она што очекувам е градоначалникот на општина Центар конечно да се зафати за работа и што поскоро да го реализира овој проект кој е од витално значење за граѓаните на општината, истакна Јанакиевски.
Инаку, станува збор за локација во Капиштец, предвидена со ДУП за населбата Капиштец донесен од 2012 година од Советот на општина Центар, а истата беше едно од ветувањата врз кои ЖЕрновски ја темелеше целата предизборна кампања. Неодмна граѓантие на Капиштец протестираа барајќи да се изгради ветената градинка.
На предметната градежна парцела која изнесува околу 5 илјади метри квадратни, во моментов се наоѓа детската градинка „Кочо Рацин“ на улица Козара, која е во сопственост на општина Центар и на местото на матичниот објект предвидена е изградба на нова објект- детска градинка.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, пак, додаде дека општина Центар ќе биде осободена од плаќање на комуналии за овој проект кој е од големо значење за жителите од овој дел на градот.
- Градот Скопје, изградбата на овој објект ќе ја помогне со ослободување на обврската на општина Центар од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за оваа детска градинка. Со ова Градот ќе ја помогне изградбата на овој објект кој е од јавен интерес и е од исклучителна важност за Град Скопје, општина Центар и населба Капиштец, рече Трајановски.
Жерновски ја поддржа одлуката но не кажа кога ќе почне да гради.
Со ова продолжува традицијата за ослободување од комуналии на сите објекти кои се од општ интерес (градинки, училишта, болници и универзитети). Освен градинката, како што им ветивме на жителите на Општина Центар, ја започнавме процедурата за изградба и на ново училиште. Се надевам дека истата кооперативност со Владата и со Град Скопје ќе ја имаме и во процесот на изградба на ова ново училиште - изјави Жерновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа