Проверете дали утре ќе останете без струја

Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека утре од 8:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од Агино Село како и од улиците Хо Ши Мин, Краишка и Натанаил Кучевишки во општина Бутел.

Без струја од 9 до 15 часот, ќе останат дел од корисниците од село Долна Матка- викендици Матка, во општина Сарај, во периодот од 9 до 16 часот, дел од корисниците од село Љубош, село Батинци, селата Цветово, Елово, Црн Врв, Алдинци, Пагаруша, селата Горно и Долно Количани, село Драчевица и село Вртекица во општина Студеничани, во периодот од 9 до 14 часот, дел од корисниците од улица Гаврил Лесновски, улица Бриселска и дел од корисниците од улица Софиска во општина Карпош.

Во време од 10 до 15 часот, без електрична енерија ќе останат дел од корисниците од село Долно Свиларе во општина Сарај, во периодот од 12 до 14 часот, дел од корисниците од улица Софиска, Московска, дел од булевар Партизански Одреди, улица Бриселска, дел од улица Његошева и дел од корисниците од улица Гаврил Лесновски во општина Карпош.

11.09.2014 - 16:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа