Нов начин за здраво слабеење: Нордиска диета

 

Нордиската диета изминативе неколку месеци стана хит помеѓу познатите. Истражувањата докажуваат дека со помош на оваа диета можете да симнете неколку килограми, да го намалите притисокот и да бидете поздрави. Попрепорачлива е дури и од медитеранската исхрана.

Диета без правила

Ако сакате да ја одржите оваа диета, трудете се во главното јадење да внесете што повеќе зеленчук и салати, како и да употребувате зачини.

Наместо масло, храната зачинете ја со лимон, лимета, оцет или јогурт.

Јадете што поквалитетни производи.

Принципите на нордиската диета не се револуционерни, освен тоа што килограмите се симнуваат без враќање.

Покрај тоа, нордиската диета ќе ве засити, па нема да патите од непрекинато чувство на глад.

Што јадат нордијците?

Дивеч и посно црвено место – Наместо пилешко и свинско, тие сакаат месо кое дава енергија, а истовремено не влијае на кардиоваскуларниот систем.

Зелка, спанаќ, кељ – Богати се со витамин Б, Ц и К, вода и влакна. Со други зборови, ова се намирници кои можете да ги јадете во неограничени количини затоа што се сиромашни со калории

Ржан леб – Нордијците не ги избегнуваат житарките, што е добра работа заради ситоста, а благодарение на влакната го подобруваат варењето.

Зачини – Непишаното правило на нордијската диета гласи: Помалку масло, повеќе оцет и зачин.

Сушена риба – Рибите се богати со незаситени масни киселини и се служи со варен компир. Сушената и киселата риба се најчести намирници кои се наоѓаат на трпезата на Северот.

Шумско овошје – Боровниците, брусниците и капините се богати со антиоксиданси. Шумското овошје е природен антибиотик кој ги уништува бактериите и ги спречува уринарните инфекции.

Извор: Црно Бело

11.09.2014 - 15:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега