Проруските сепаратисти ја прошириле контролата на границата до Азовското море

 

Украинската Влада призна првпат денеска дека проруските сепаратисти ја прошириле контролата долж источната украинска граница со Русија до Азовското Море.

- Тој дел од границата се наоѓа во моментов под контрола на проруските платеници, изјави портпаролот на украинските воени сили Андриј Лисенко. 

Проруските сепаратисти минатиот месец презедоа офанзива во југоисточна Украина. 

11.09.2014 - 14:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега