Турскиот вицепремиер им се извини на демонстрантите и побара да запрат протестите
Првите демонстрации, организирани во Истанбул минатата недела, против градежниот проект на турската влада, што потоа се проширија низ целата земја, беа „праведни и легитимни“, изјави денеска турскиот вицепремиер Булент Аранч, цитиран од француските медиуми.
Аранч им се извини на голем број демонстранти, ранети при интервенцијата на полицијата против демонстрантите.
-Им се извинувам на сите кои станаа жртви на насилството, затоа што се чувствителни кон заштитата на животната средина, вели вицепремиерот.
Тој упати апел „денеска да прекинат“ демонстрациите.