ФОТО: Почина познат холивудски актер

75- годишниот холивудски актер Ричард Киел почина вчера попладне во болница во Калифорнија.

Според пишувањата на американските медиуми во болницата наводно бил примен поради скршеница на ногата, но вистинската причина за смртта се уште не е дефинирана.

Неговата смрт ја потврди и гласноговорникот на болницата Сент Агнес во која ги помина и последните моменти.

 

 

Ричард ќе биде запаметен по улогата на Џос, „металната вилица“ во „Шпионот кој ме сакаше“ со тајниот агент Џејмс Бонд.

11.09.2014 - 10:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега