Погледнете како СОРОС ги трошела своите 92 милиони евра

Купови пари на Фондацијата СОРОС за медиуми, невладини организации и функционери на СДСМ. Државата без никаков ќар од 92-те милиони евра на Соросовиот институт, Буџет со кој Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ) на чие чело е Владимир Милчин, располагала во своето 21 годишно постоење во земјава.

Каде отидоа 92 милиони евра на ФООМ и кој добро се “нафатира“ од соросовиот колач е прашањето кое се наметнува, доколку се земе во предвид дека во изминатите 20 години, јавноста не виде ниту еден суштински и конкретен проект од оваа Фондација.

Во 2006-тата година, како што е наведено во Извештајот, се потрошиле над 5 милиони денари за квалитативен монитиронг на медиуми. Доколку се соберат целокупните финансиски средства со кои располагала Фондацијата во сите години на своето постоење, ќе се заклучи дека во Македонија се потрошени над 92 милиони евра од Соросовиот Институт.  Ова е само мал приказ на тоа како оделе парите на годишно ниво.

Според Извештајот, во 2009-та година за финансирање на новинари практиканти во ЕУ, Фондацијата потрошила над 2 милиони денари. За проектот на НВО Инфо Центар- Медиумско огледало се потрошиле 2 милиони  и140 илјади денари. ГЕМ за своите активности добил 20 милиони денари,  а финансиски средства добила и Општина Струмица за изградба на амфитеатар. 

Пари од Фондацијата добил и Мерсељ Биљаљи, кому му го финансирале и издавањето на неговата лична книга, а кој воедно бил и дел од управните органи на СОРОС.

Во 2011 година за пишување на извештаи кои биле упатувани до Европската Комисија, СОРОС Македонија потрошила 18 милиони денари. Еден од носителите на активностите бил Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) под раководство на Лидија Димова, сегашен партиски функционер на СДСМ. Токму Димова е позната по барањето кое го упати до европските институции за одземање на средствата кои ги дава ЕУ за поддршка на Македонија. Оттука, може само да се замисли какви биле барањата и што се пишувало во извештаите кои биле испраќани до ЕУ.

Нови 18 милиони се потрошени на како што стои во Извештајот, “создавање на три нови дневно информативни портали и се започнаа подготовки за нов информативе портал на албански јазик“. Нагласено е дека се збогатиле и унапредиле содржините на два неделни интернет магазини, обучени биле над 30 мпади новинари за продукција.

Во извештајот за 2012 година, Фондацијата се фали дека организирала оценка на капацитетите на Комисијата за лустрација преку креирање на анализи и издавање на стручни трудови. Инаку, ова доаѓа откако првиот човек на организацијата Сорос Македонија, Владимир Милчин, беше лустриран и прогласен за поткажувач на тајните слузби.

Тие во извештаите се фалат дека организирале и 31 дебата на клубот (ГЕМ ) Граѓани за европска Македонија во која учествувале наводно 3505 граѓански учесници и слушатели. Инаку, гласноговорници кои учествуваа на дебатите на Гем клубот се лица како Бранко Героски, Жарко Трајановски, Ѓунер Исмаил и потпретседателската на СДСМ, Фросина Ременски.

За развој само на граѓанското општество таа 2012 година СОРОС потрошил над 1 милион евра. Носител на голем дел од активностите е платформата „Метаморфозис“, која е ќерка фондација на Соросовиот институт.

Колку фабрики можеа да се отворат со 92 милиони евра на СОРОС?

Колку фабрики можеа да се отворат и колку луѓе да се вработат со парите на СОРОС Македонија, доколку истите наместо за развивање на невладина и медиумска мрежа беа искористени за суштински и конкретни проекти.

Втората инвестиција на „Џонсон Котролс“ е вредна 20 милиони евра и треба вработува 1400 лица. Со буџетите на СОРОС можеа да се отворат најмалку 4 нови фабрики како „Џонсон Констролс“ и да се вработат нови 5600 луѓе.

„Текнохозе“ е инвестиција која во прва фаза чини 10 милиони евра и вработува 150 луѓе. Со парите на Соросовиот институт можеа да се отворат 9 нови фабрики како „Текнохозе“ и да се вработат 1350 луѓе.

„Стил Кон“ е фабрика чија инвестиција чини 3.5 милиони евра и вработува 100 луѓе. Со буџетот на СОРОС можеа да се отворат околу 26 вакви фабрики и да се вработат 900 луѓе. „Кромберт и Шуберт“ е инвестиција која чини 20 милиони евра, со парите на Фондацијата Сорос можеа да се отворат 4 нови фабрики како оваа.

Холандската компанија „Ван Хол“ во првата фаза чини 20 милиони евра и вработува 500 луѓе. Со Буџетот на Соросовиот институт можеа да се отворат исто така 4 нови вакви фабрики и да се вработат 2000 лица.

 

 

11.09.2014 - 10:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа