Поранешен претседател на Хаити обвинет за корупција и перење пари

 

Поранешниот претседател на Хаити, Жан Бертран Аристид е ставен во домашен притвор под обвинение за корупција, изјавија судски извори во сиромашната островска карипска држава.

Как што јави ДПА, 61-годишниот Аристид  е обвинет за корупција, перење пари и трговија со дрога за време на неговиот последен мандат како претседател на Хаити во периодот 2001-2004 година.

Полицијата го стави под контрола неговиот дом во квартот Табаре во Порт-о-Пренс. 

Аристид беше претседател на Хаити во 1991 година, а потоа во уште два пати од 1994 до 1996 и од 2001 до 2004. Тој остана мошне популарен во земјата. 

11.09.2014 - 09:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега