Умерената сириска опозиција ќе одржи воени вежби во Саудиска Арабија

 

Воените вежби на умерената сириска опозиција, кои се дел од синоќа објавената стратегија на американскиот претседател Барак Обама за борба против џихадистите на Исламска држава (ИД), ќе се одржат во Саудиска Арабија, истакна американски официјален претставник.

Друг извор од американската Администрација додаде дека воздушните напади против исламистички цели на Блискиот Исток ќе се извршат и од двете страни на ирачко-сириската граница. Досега такви напади имаше само на територијата на Ирак.

Американскиот претставник нагласи и дека САД нема да соработуваат со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во борба против исламистите. 

11.09.2014 - 09:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега