Слаткар и Сања чекаат бебе?
Популарниот рапер Слаткар и екс манекенката и ТВ водителка Сања Николиќ најверојатно чекаат бебе“ – тврди анонимен извор за порталот „Либертас“.
Шпекулациите ги поткрепил со фактот дека двојката која неодамна правеше свадба е видена како излегува од една позната скопска гинеколошка клиника. Додека излегувале од клиниката се бакнувале и биле видно расположени.
„Имав чувство дека се многу среќни и мислам дека Сања е бремена“- изјавил изворот за кој се тврди дека е многу близок до славната двојка.
Сепак најблиските на Слаткар и на Сања велат дека се уште од нив не слушнале ваква вест.
„Вчера се видовме и ништо не ми кажа“ - вели за Press24 еден од најблиските другари на Марко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа