Доаѓа пороен дожд

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во западните подрачја. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 5. 

10.09.2014 - 20:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега