Таткото - монструм обвинет за убиството на своите пет деца
Американецот Тимоти Реј Џонс, од сојузната држава Јужна Каролина, е обвинет за убиство на своите пет деца и за префрлање на нивните мртви тела во друга држава, соопшти американската полиција.
Обвинувањето е подигнато откако полицијата и форензичарите во Алабама, по интензивно трагање, ги открија телета на петте убиени деца, закопани покрај главниот автопат во оваа сојузна американска држава.
Децата, сите на возраст од една, до осум години, од средината на минатата недела беа водени како исчезнати, по пријава на нивната мајка, која ја известила полицијата дека не може да стапи во контакт, ниту со нив, а ниту со нејзиниот поранешен сопруг.
Реј Џонс беше уапсен во саботата во државата Мисисипи, кога полицијата го запрела неговиот автомобил во текот на една рутинска сообраќајна контрола. Џонс бил уапсен откако полицајците забележиле дека управува со автомобилот под влијание на дрога.
При проверката на возилото,покрај траги од дрога,биле најдени и траги од крв и од течности од човечко тело,како и хемиски средства за чистење и за белење.
При контролата на идентитетот, било откриено дека полицијата трагала извесно време по Реј Џонс, во врска со старателството на неговите пет деца, кои во тој момент веќе биле третирани како исчезнати. Истрагата што е покрената открила дека тој им зборувал на своите соседи во Јужна Каролона оти има намера да се пресели во друга сојузна држава и со себе да ги земе сите пет деца. Тимоти Реј Џонс се соочува и со низа други обвинувања во Јужна Каролина, каде постојано живеел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа