Во сообраќајни незгоди вчера во Косово четири лица го загубија животот

 

Во текот на вчерашниот ден во Косово биле регистрирани над 60 сообраќајни незгоди при што загинале четири лица, а дваесетина се повредени. 

- По патиштата во Косово вчера се регистрирани над 60 сообраќајни несреќи, при што три се со фатални последици додека станати се со потешко и полесно повредени лица. Во истите животот го загибиле четири лица додека 21 лице се потешко и полесно повредени, потврдиле од полицијата.

Полициските извештаи покажуваат дека во сообраќајната несреќа што се случила во Гуракоц кај Исток, две лица го згубиле животот, додека три се здобиле до телесни повреди.

Во сообраќајката кај селото Ранилук кај Гњилане животот го загубило едно лице во директен судар на автомобил и камион.

Телото на починатиот, по наредба на истражен судија било предадено на обдукција додека возачот на каминот е во притвор. Третата жртва е патник во градот Урошевац, кој бил удрен од возило во движење. Неславен рекорд по случени сообраќајки во Косово беше регистриран на 22 мај кога беа регистрирани дури 77 сообраќајни несреќи, од нив три со фатални последици, 19 со потешко и полесно повредени и 55 само со материјална штета. 

најчитано сега