Производите на Суташ веќе во продавниците низ Македонија

 

Фабриката на Суташ во Македонија почна со производство. 

- Во изминатата година, ја подготвувавме фабриката во Скопје да почне со производство и инвестиравме 13 милиони евра. Подготвени сме да ги претставиме производите пред потрошувачите. Задоволни сме што нашата 38-годишна експертиза, посветеност и природен вкус ќе ги претставиме во Македонија. Веруваме дека нашите производи ќе бидат примени со позитивни реакции од страна на потрошувачите во Македонија, во земјата со која делиме заедничка култура и наследство. Започнувајќи од денеска, производите на Суташ, млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт ќе бидат достапни на полиците во маркетите. Во текот на оваа година, наша цел е да го дистрибуираме нашиот природен вкус, да го зголемиме изборот, како во Македонија така и во останатите држави на Балканот, истакна  генералниот менаџер на Балканска Млекара Али Мушфик Созер.    

  Врз основа на планираната инвестиција на Суташ во Балканска млекара Македонија, која е со капацитет од 70 милиони литри годишно, се очекува бројот на вработувања да достигне до 250 лица.

најчитано сега