Скандал во болница: Барале пари за да облечат мртво дете

Скандал во позната болница во Србија, болничарите во болницата барале 4.000 динари за да облечат мртво осумгодишно дете.

Бранко Васиќ дошол заедно со погребалното возило за да го однесе телото на својот осумгодишен внук во капела, но од вработените му земале 4.000 динари за да го облечат покојното дете. На Васиќ не му била издадена никаква сметка што нема никаков доказ дека некој ги примил парите. 

- Ми пријде една жена која работи во болницата и два пати ме праша кој ќе го облака покојниот, по тоа следуваше следно прашање кое ми ја заледи крвта: Дали знаете колку ваш ќе ве чини? Се замилсив во себе што колку чини? Но болката беше силна и само прозборев дека тоа не е мој проблем. Кога беше се готово ме повика и ми рече? За облеката ќе ве чини 4.000 динари, раскажува Бранко кој е вознемирен од ваквиот немил настан.

10.09.2014 - 13:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега