23 лица загинаа во автобуска несреќа

 

Најмалку 23 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа во главниот град на Хаити Порт о Пренс, соопштија локалните власти.

Според Надие Лохард од Агенцијата за заштита на граѓани автобусот паднал во бездна откако најверојатно возачот изгубил контрола над него доцна синоќа во крајбрежниот град Пети Гоав.

Таа наведе дека автобусот се движел кон запад кон градто Жереми, а повредените патници со возила на итна помош и хеликоптери се префрлени во болница.

10.09.2014 - 11:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега