Џон Кери ќе се сретне со новиот ирачки премиер Хајдер ал Абади
Американскиот државен секретар Џон Кери допатува во Багдад на прва средба на високо ниво на американски претставник со новиот ирачки премиер Хајдер ал Абади.
Кери ќе побара од Абади да преземе итни мерки за намалување на тензиите на религиозна основа во земјата.
Тој, исто така, ќе предложи помош во борбата против радикализмот на групата Исламска држава (ИД), која контролира подрачја во северниот дел на Ирак и во Сирија.
10.09.2014 - 11:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа