Неколку лица се повредени при експлозија во хемиска фабрика во Германија

 

Неколку лица се повредени вчера при силна експлозија во фабрика за хемиски материјали во близина на германскиот град Бремен, соопшти локалната полиција.

Еден од повредените, кој најверојатно бил вработен во фабриката, е со тешки изгореници по телото. Полесно биле повредени неколку жители на гратчето Ритерхуде, каде што се наоѓа фабриката, чиј сопственик е компанијата „Органо флуид“. Засега не е позната причината за инцидентот.

Во фабриката избувнал пожар и поради тоа се уште немаат пристап истражните органи.

Експлозијата била премногу силна, а причинета е и материјална штета на околните куќи. Во воздухот не е утврдено присуство на опасни испарувања.

10.09.2014 - 10:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега