Знамиња на ДПК горат во знак на одмазда за оние на ИСИС
Во знак на „одмазда“ за запалените знамиња на ИСИС, што го направија членови на Младинскиот форум на Демократската партија на Косово, на Хашим Тачи, горат знамиња на оваа партија.
На социјалната мрежа фејсбук почната е кампања против ДПК, поради чинот на палење на знамето на кое пишувало “шехадет“. Кампањата носи наслов „Против ДПК“(“KundërPDK-së”).
Инаку, група млади Косовци со палење на знамето на ИСИС, пред споменикот на Скендер бег во Приштина, се приклучија кон глобалната иницијатива за палење на знамето на ИСИС, која почна во Либан.
- На овој начин сакаме да го искажеме нашето противење кон грозоморните дела што ги прави ИСИС. Ние на Косово сме Албанци, ги почитуваме религиите како наше национално богатство и во никаква форма во нашето општество нема да биде добредојдена екстремната верска струја, која му се заканува на мирот и меѓуверската и меѓубратска толеранција, порача Триумф Садику.
Косово во последните месеци е во центарот на вестите ширум светот поради вклученоста на голем број Косовци во борбите во Сирија и Ирак а кои и понатаму заминуваат и покрај апсењата, донесениот закон со кој се предвидува 15 години затвор за војување во туѓа земја, апелите на властите и ИВЗ да не се оди на боиштата во овие блискоисточни земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа