Примирјето во источниот дел на Украина „општо земено“ се почитува
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека примирјето во источниот дел на Украина „општо земено“ се почитува, а Москва се надева преговорите за статусот на териториите околу Доњецк и Луганск да започнат многу брзо.
На прес-конференција во Москва по средбата со својот колега од Мали, Абдулае Диоп, Лавров истакна дека Москва е загрижена од зголемување на вројот на војници во некои источни реони на Украина, што според него е знак дека се подготвува „ударна група“.
- Општо земено се почитува договорот, но има инциденти за кои страните меѓусебе се обвинуваат, додаде шефот на руската дипломатија.
Тој истакна дека договорите од 5 септември во Минск се во голем степен „рамкови“ и ќе треба учесниците во процесот да ги детализираат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа