Израел повика на соработка на разузнавачките служби во борбата против "Исламска држава"
Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон повика денеска за соработка меѓу западните разузнавачки служби во борбата против џихадистите од Исламска држава (ИД).
- За да ја спречиме и победиме ИД, ние научивме по 11 септември, дека треба да постои соработка меѓу западните разузнавачки служби, дека е потребна размена на информации и оперативна соработка во некои области, истакна Јалон.
Тој смета дека „западниот свет досега се покажал премногу толерантен кон терористичките организации и кон земјите кои го поддржуваат тероризмот, како на пример Иран“.
09.09.2014 - 10:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа