Руските авиони не се приближиле до бродот на канадската морнарица

 

Руските воени авиони „Су 24 Фенсер“ и „Ан-26“ вршеле планирани летови над Црното Море, во близина на брод на канадската морнарица, но не му се приближиле, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Канадскиот министер за одбрана Роб Николсон вчера истакна дека три руски воени авиони прелетале кај јужниот брег на Украина над фрегата на канадската морнарица, која учествува во вежбите на НАТО во Црно Море, оценувајќи дека тоа била „непотребна провокација“.

Николсон нагласи дека овој инцидент не претставувал опасност, но постои ризик од ескалирање на тензиите во регионот за време на прекинот на огнот.

09.09.2014 - 10:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега