Денеска на Мундобаскетот две четвртфинални средби

По слободниот ден на Светското првенство во кошарка денеска се играат првите два четвртфинални дуела. Во олимписката сала „Палау Сант Жорди“ во Барселона од 17 часот ќе играат Литванија и Турција. Двете репрезентации со минимални победи обезбедија четвртфинале и имаат голем мотив за триумф и за пласман во полуфиналето бидејќи така ќе дојдат на чекор до пласманот што го имаа на претходното првенство. Турција беше втора, а Литванија трета.

Светскиот и олимписки шампион САД е апсолутен фаворит во дуелот со Словенија. Американците заедно со Шпанија немаат пораз. Овој натпревар почнува во 21 часот.

Утре во Мадрид се играат другите два дуела: Србија – Бразил (почеток 18 часот) и Франција – Шпанија (22 часот). 

09.09.2014 - 10:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега