Ужасно самоубиство: Легнал на улицата и чекал ќерката и зетот да го прегазат

78- годишниот Љубиша Јовановиќ настрадал вчера по полноќ во несекојдневна сообраќајна несреќа на магистралата Парачин – Заечар.

Пензионерот излегол од возилото додека се движело, зад чиј волан бил неговиот зет и легнал на патот пред автомобилот, по што зетот веднаш закочил. Во тој момент на него налетал автомобил „рено“  управуван од воено лице од Белград, кој го прегазил старецот на лице место.

До самоубиството дошло откако ќерката на Љубиша и неговиот зет го посетиле старецот и го убедиле да се пресели кај нив во Белград. Тој прво се согласил но веднаш штом го напуштиле селото барал да го вратат назад, бидејќи не сакал да ја напушти својата куќа.

Како што пренесува српски Курир, зетот не сакал да го запре возилото, по што старецот ја отворил вратата и се фрлил.

Зетот за среќа успеал да го запре автомобилот навреме, но старецот не сакал да се врати во автомобилот и легнал на спротивната страна на патот, по што на него налетал автомобилот „рено“ и го прегазил.

09.09.2014 - 10:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега