САД ќе обезбеди поголема помош во борбата за спречување на епидемијата од ебола

 

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун вети дека САД ќе обезбеди поголема помош во борбата за спречување на епидемијата од ебола во Западна Африка, соопшти Белата куќа.

Тој истакна дека неутрализирањето на смртоносниот вирус претставува приоритет за САД во областа на националната безбедност.

Американски војници ќе помогнат при оспособување на изолираните оддели, ќе достават опрема и ќе ги обезбедуваат здравствените работници во Западна Африка. 

09.09.2014 - 09:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега