Крадците низ Скопје не запираат - големо богатство украдено од куќа во Кисела Вода

 

Вчера во текот на денот била ограбен куќата на 54 годишниот скопјанец Н.Л

Итриот крадец провалил во куќата улицата „Дебарска“, ја пребарал и си присвоил 8.000 евра, златен накит, шест женски рачни часовници, два рачни машки часовници и разен бижутериски накит од марките „Сваровски“ и „Оксет“.

Инаку, крадецот успеал да влезе во куќата така што ја прескокнал оградата од  дворот, се прекачил на терасата од приземниот кат и ја скршил дрвената балконска врата.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

најчитано сега