Ден на жалост во Бугарија

Во Бугарија денеска е ден на жалост откако тројца луѓе ги загубија животите во поплавите што ја зафатија земјата. Две жени и еден маж се удавија во обилните врнежи што за кратко време наврнаа во повеќе општини низ Бугарија. Врнежите предизвикаа бранови високи до два метри кои носеа се пред себе. 

По големото невреме што ја зафати Бугарија, во поголем дел од општините состојбата се враќа во нормала. 
 
Пристигнаа и првите доброволци кои помагаат во расчистување и одводнување на повеќето куќи погодени од водената стихија. Останува тешка состојбата во Хасковската област – во Димитровград, Харманли и Симеоновград, каде се уште има патишта под вода. Тешка е состојбата и во Бургас, Стара Загора и Хасково, каде е прогласена вонредна состојба. Се уште има и села без струја и без вода. 
 
Поради поплавите најмалку 100 луѓе беа евакуирани со армиски хеликоптери, а поплавени околу 80 населени места. Вчера беа направени насипи на реката Марица во близина на селото Рајново, каде за среќа нема повредени. Превентивно сепак луѓето беа евакуирани. Се вршат проценки за штетите од поплавите, а семејствата, чии куќи беа поплавени, ќе добијат еднократна парична помош од државата.
 
 
08.09.2014 - 15:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега