И утре не очекува врнежливо време

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи, особено во јужните и во источните делови. Кон крајот на денот се очекува постепено стабилизирање на времето и престанок на врнежите.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Во следните два дена, среда и четврток, ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи во планинските подрачја, а во поголемиот дел од земјата ќе биде стабилно со повеќе сонце и со пораст на температурата која ќе се движи помеѓу 24 и 31 степен.

 

08.09.2014 - 15:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега