Понудите за 100 нови полициски автомобили ќе бидат отворени утре

 

Утре ќе бидат отворени понудите пристигнати по јавниот тендер објавен 25 април за прибирање понуди за набавка на нови сто моторни возила во полициска изведба.

Како што веќе информираа од МВР,  јавната набавка ќе му припадне на оној понудувач кој што ќе конкурира со најниска цена на електронската аукција.  Право да учествуваат на електронското наддавање ќе имаат сите понудувачи кои ги исполнуваат претходно предвидените услови за учество на тендерот. Плаќањето е предвидено да биде на 36 месечени рати.

Од понудувачите се бара минимум гарантен период на возилата: на мотор и подвозје минимум 36 месеци или 100.000 км; на надворешен лак  3 години и на каросеријата од корозија 12 години.

Се предвидуваат и посебни услови за вградување на резервни делови кои не се предмет на гаранција во текот на гарантниот период , а понудувачите се обврзани и на три години бесплатна „шлеп“ служба  во случај на дефект на возилата, на територијата на Македонија и бесплатна техничка служба.

 

најчитано сега