Албанец му носел пиштол на пријател во Виена - го фатиле на Табановце
37-годишниот П.Б. од Албанија заработи кривична пријава поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје.
Албанецот околу 22 часот и 30 минути на Граничниот премин „Табановце“ на излез од Македонија, допатувал со автобус кој сообраќа на релација Дебар – Виена. При вршење на пасошка контрола од страна на полициските службеници му е пронајден и одземен пиштол со 12 куршуми, сокриен во појасот.
Од обавениот разговор со пријавениот дознаено е дека не поседува никакви документи за пиштолот, кој требало да го однесе на негов пријател во Виена, Австрија.