Албанската полиција заплени 100 килограми марихуана

Албанската полиција, во градот Фиер, заплени 101 килограм марихуана откриена во автомобил марка „Рено“. Уапсен е Газменд Раја(24) од градот Фуш-Круја. Против кого е поднесена кривична пријава за недозволено производство и промет на наркотични средства.

Деновиве италијанската полиција, пак, во пристанишниот град Бриндизи заплени 507 килограми марихуана, чија вредност на нарко пазарот достигнува пет милиони евра. Уапсени се двајцата нарко шверцери, албански државјани, Д.Е.(37) и С.Ј.(32).

Во истовреме полицијата продолжува со откривање и уништување на цели парцели засадени со марихуана.

Само вчера во Тепелена уништени се околу 1.200 стебла чија височина била до три метри, во две села во Валона околу 200 стебла, додека во областа Дукаѓин, која се нарекува втор Лазарат, за две недели уништени се околу 200 илјади стебла канабис сатива со висина од еден до 2,5 метри.

Во операцијата која се уште трае дена се ангажирани 150 оперативни полициски сили, 21 автомобил, криминалистички експерти и специјалните сили РЕНЕА.

08.09.2014 - 10:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега