ФОТО: Родила трет пар близнаци - на ред дошле девојчиња

Британците Карен Роџер и нејзиниот сопруг Колин од Ренфрешир станаа родители по на трет пар близнаци зачнати по природен пат. Веќе ги имаат Луис и Кајл (14) и Фин и Јуда (12), а сега добија и девојчиња Рован и Исла. 

„Докторите ми рекоа дека носам близнаци кога бев во шестата недела од бременоста. Веднаш на мажот ми му испратив СМС. Мислеше дека се шалам. Морав да го уверувам дека тоа е вистина“, изјавила карен и додала дека шансите за трет пар близнаци биле еден спрема пола милион. 

„Бев уверена дека повторно носам машки, а се воодушевив кога дознав дека ќе има девојчиња во куќата“, додаде таа. Колин сепак се грижи за тоа како ќе ги одгледува девојчињата. 
„Ќе беше сосема неприфатливо ако беа момчиња. Девојчињата ќе имаат петмина татковци кои ќе се грижат за нив“, изјавил горделиво таткото. 

 

 

најчитано сега