Кочани: 560 граѓани поднеле барање за отпис на долговите
Во Центарот за социјални работи во Кочани по повеќе основи, во определениот рок поднесени се 560 барања за отпис на долгови.
- Опфатени се три категории на граѓани од Кочани, а тоа се корисници на социјална и постојана парична помош, невработените лица активни баратели на работа во текот на 2013 година и лицата кои се нашле во одреден социјален ризик. Најмногу од 560 барања се однесуваат на отпис на направени сметки за електрична енергија кон ЕВН и радиодифузна такса, а помалку барања кон банките, вели Весна Даневска, директор на Центарот за социјални работи од Кочани.
Даневска истакна дека барањата се веќе примени и доставени до Министерството за труд и социјална политика и од таму очекуваат повратна информација за тоа кои лица ги исполнуваат условите за отпис на долговите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа