МОСТ со 130 набљудувачи ќе го следи утрешното гласање

Граѓанската асоцијација МОСТ со околу 130 набљудувачи ќе го набљудува утрешното прегласување на 29 избирачки места во општина Центар, девет во општина Струга и на едно во општина Ѓорче Петров, како и вториот круг на гласањето на 20 гласачки места од вкупно 39 во Долнени.

МОСТ ќе има распоредено и мобилни тимови, кои ќе служат како логистичка поддршка на статичните.

 

Покрај утрешното гласање, МОСТ денеска го набљудува предвременото гласање во четирите општини.

Проектот „Домашно набљудување на Локалните избори 2013“ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ и е поддржан од Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија и Амбасадата на Кралството Норвешка од Белград, Србија.