Над 2 милиони деца се убиени за две децении во конфликтите низ светот

Денеска е 4 јуни -Меѓународен ден на невините деца-жртви на агресија.

Во воените агресии и потенцијалните конфликти низ светот најбеспомошни и најранливи се децата, укажува Првата детска амбасада „Меѓаши“ по повод овој ден.

Статистичките податоци покажуваат дека над 2 милиони деца се убиени во конфликти во последните две децении, околу 10 милиони деца-бегалци се згрижени од страна на УНХЦР, околу 80 илјади деца годишно умираат како резултат на насилство во семејствата....

Тешко е да се одреди точната бројка но околу 300.000 деца низ светот се деца војници.