Полицијата ја фати: Еве која е девојката што пријави дека во Министерството за економија има бомба

Полицијата ја откри девојката што во петокот се јави во редакцијата на „Дневник“ и лажно пријави дека зад Министерството за економија има поставено бомба, објави „Дневник“. 

Весникот пренесува дека станува збор за Ј.И.(32) од Скопје. Според полицијата, девојката била изреволтирана од односот на вработените во Министерството за економија каде што неколку дена по ред барала прием. Бидејќи ниту во петокот не и било дозволено да влезе во Министерството, се решила да се јави во „Дневник“ и лажно да пријави дека има бомба. 

Телефонскиот повик го направила преку мобилниот телефон на својата мајка. Полицијата против Ј.И. ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување.  Казната за ова дело е од три месеци до три години затвор.