На земјата и се заканува апокалипса

 

Научниците кои ги изучуваат климатските промени се погласно предупредуваат дека во идниот период на нашата планета и се заканува апокалипса.

Во првата деценија на 21 век просечната температура на површината на Земјата пораснала за 0,47 степени Целзијусови.

Научниците пресметале дека зголемувањето на просечната температура за 1 степен Целзијусов би го зголемило испарувањето на водата во атмосферата за седум отсто. Тоа би довело до посилни воздушни струења и почести временски непогоди и обилни врнежи. 
Зборот апокалипска кој означува крај на светот, често се слушаше и на Првата меѓународна конференција на метеоролозите, која во август се одржа во Монтреал, пренесе Радио Слободна Европа.

Илјада научници од целиот свет пет дена расправаа за климатската иднина на планетата, а заклучоците ниту малку не се оптимистички.

Протоколот од Кјото, кој стапи во сила пред 10 години, само е празна буква на хартија. Се подразбираше намалување на емисијата на штетни гасови и ефектите на стаклена градина, со што би се спречило идно неконтролирано затоплување на нашата планета, но земјите потписнички не го почитуваа.

Поради тоа, велат научниците, продолжува глобалното затоплување, а поради тоа се повеќе се топат површините на половите. Тоа предизвикува климатски промени со чести временски непогоди и несогледливи последици.

Извесно е дека во наредниот период на нашата планета ќе се менуваат екстремни студови и екстремни вруќини и суши. Научниците прогнозираат дека обилните дождови ќе предизвикаат чести и неочекувани поплави и свлечишта. Зголемените воздушни струења во идниот период можат да ја загрозат безбедноста на авионскиот и поморскиот сообраќај.

Веќе сега можат да се слушнат информации за џиновиски бранови кои на некои мориња и океани се високи и од 40 метри, а се до неодамна бранови со висина од 20 метри биле вистинска реткост.

Тоа не е крај на црните прогнози на научниците. Тие тврдат дека огромниот ледник на Гренланд се топи и дека нивото на океанот, во случај на идно глобално затоплување на Земјата, може да се зголеми за шест метри

03.09.2014 - 12:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега