Косовската претседателка ги повика пратениците да најдат решение за Парламентот

 

Речиси три месеци по одржувањето на изборите во Косово претседателката Атифете Јахјага апелираше до пратениците да се ангажираат за изнаоѓање на решение за конституирање на Парламентот.

Иако Уставниот суд заклучи дека имало кршење на процедурата во текот на конститутивната седница на Парламентот на 17 јули, политичките партии не ги сменија ставовите и не најдоа решение за излез од кризата.

Со одлуката на Уставниот суд не е одреден рок за продолжување на конститутивната седница.

Коалицискиот блок ДСК-АБК-ИК најави дека ќе собере повеќе од 40 потписи со кои ќе се овозможи свикување на седница. 

03.09.2014 - 11:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега