3,6 милиони луѓе годишно умираат како последица на корупцијата

 

Околу 600 милијарди евра годишно се одзема од најсиромашните држави во светот и милиони луѓе умираат поради корупција, се вели во извештај на американската организација против сиромаштија Оnе.

Според нив, сите напори кои во изминатите децении се вложени во обиди за борба против сиромаштијата, сега се загрозени поради организиран криминал и корупција – фантомски фирми и перење пари.

– Корупцијата годишно убива 3,6 милиони луѓе, се вели во извештајот на организацијата. – Во државите во развој, корупцијата е убиец. Кога владите сопствените ресурси не можат да ги вложуваат во здравство, обезбедување доволно количини храна за сите и есенцијална инфраструктура, доаѓа до губење животи и најголема цена плаќаат децата, се вели во извештајот.

Поради тоа, Организацијата ги повикува челниците на самитот на Г-20 во Австралија да преземат потребни мерки за да ја информираат јавноста за тоа кои се сопственици на најголемите компании и да спречат намери за перење пари и криминални активности, како и да преземат мерки против лицата кои избегнуваат плаќање даноци.

03.09.2014 - 10:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега