Ќе се зајакнуваат капацитетите на Агенцијата за вработување

 

Денеска започнува проектот на „Поддршка на Агенцијата за вработување во реализирање на мерки и услуги активни на пазарот на труд“. Истиот ќе биде најавен од страна на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, германскиот амбасадор Кристине Алтхаузер, раководителот на одделот за соработка на Делегацијата на ЕУ Мартин Клауке и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Целта на овој проект е да се подобри квалитетот, ефикасноста и ефектите од услугите и зајакнување на капацитетите на Агенцијата за вработување на Република Македонија, а во насока на намалување на стапката на невработеноста.

Проектот ќе трае до јуни 2016 година, и е финансиран од Европската унија во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА компонента IV). 

03.09.2014 - 09:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега