Жестока тепачка во автобус- едно момче прободено со нож
Жестока тепачка меѓу две семејства се случила на граничниот премин Батровци-Бајаково, кога со автобус патувале од Белград до Загреб.
-Прво се скараа две момчиња. Кавгата прерасна во тепачка меѓу нив. Потоа се вклучија и нивните семејства. Едното момче извади нож и го прободе другото. Момчињата ги задржаа на граница, а ние чекавме да заврши увидот, рекла една патничка од автобусот.
Тепачката се случи на српско-хрватска граница, по едното момче дојде Брза помош од Србија, а другиот однесен во полиција.
03.09.2014 - 09:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа