Демонстрантите упаднаа во ирачкиот Парламент и организираа протест со седење

 

Роднини и пријатели на припадниците на ирачките безбедносни служби кои се водат за исчезнати по офанзивата на групата „Исламска држава“, упаднаа во Парламентот во Багдад и организираа протест со седење, соопштија француските медиуми.

Припадници на службите за борба со безредијата се обидуваат од зградата да ги извадат демонстрантите кои сакаат да знаат каква е судбината на нивните блиски роднини, кои им се предале на џихадистите, соопшти очевидец, кој во моментот на упадот се наоѓал во Парламентот, пренесува бугарската агенција БТА.

Според него, демонстрантите ги искршиле столиците во парламентарниот ресторан, а нападнале и пратеници и службеници на Парламентот.

Околу 1.700 ирачки војници во јуни им се предадоа на џихадистите од „Исламска држава“. Групата потоа објавуваше снимки, на кои се гледаа егзекуции на десетици лица во цивилна облека.

Парламентот денеска требаше да расправа за оваа тема, но демонстрантите се појавија пред почетокот на седницата, која потоа се одложи за утре.

02.09.2014 - 15:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега