ФОТО: Груевски и Заев се појавија на суд

Денеска во Основниот суд 2 Скопје каде се води процесот против лидерот на СДСМ Зоран Заев, во кој лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски го тужи за клевета и навреда за продажбата на Македонска Банка, се појавија и двајцата главни актери. 

Денешното рочиште беше закажано за 9 часот, а на него треба да се изврши распит на тужителот Груевски и на тужениот Заев.

Груевски го тужи Заев за клевета и навреда откако СДСМ објави аудио снимка на која тврди дека е снимено како Груевски преку посредник договара продажба на „Македонска банка“ на газда Нини.

Вчера во улога на сведок судијката го повика српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини, кој рече дека не ги познава лично ниту Груевски, ниту Заев, а акциите од Македонска банка ги купил на берза.

02.09.2014 - 10:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега