Еве со што ќе се занимаваат пратениците денеска

Собранието на Реублика Македонија денеска ќе ја продолжи 12. седница на чиј дневен ред се предлог измените и дополнувањата на законите за државните службеници, за јавните службеници, за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, како и за здравствената заштита. Сите треба да се донесат по скратена постапка.

На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик.

Пред пратениците се и Предлог-законот за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културнио наследство од особено значење во прво читање, како и годишните извештаи за работата на повеќе институции - Државниот совет за превенција на детско престапништво, Агенцијата за супервизија на осигурување, Државниот завод за ревизија, Регулаторната комисија за енергетика и Агенцијата за цивилно воздухопловство.

02.09.2014 - 09:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега