Министерот за надворешни работи на Иран е оптимист во врска со нуклеарната програма

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изрази оптимизам по вчераните разговори со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, дека спорот околу нуклеарната програма на Техеран може да биде решен до крајниот рок на 24 ноември.

Зариф сепак предупреди дека постигнувањето на договор бара политичка волја, како и целосно прифаќање на неопходноста да се посвети внимание на проблемите.

Иран и светските сили работат за постигнување на сеопфатен договор до крајниот рок за тоа, што истекува на 24 ноември, според кој Иран ќе ја ограничи нуклеарната програма во замена за намалување на економските санкции.

02.09.2014 - 09:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега