Во Собранието планирани седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседават комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Пред Комисија за политички систем се Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик, Предлог-законот за изменување на Законот за јавните службеници и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, сите по скратена постапка во второ читање.

Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа предлог измените на законите за здравствената заштита, за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за државните службеници, за јавните службеници и на Кривичниот законик, сите по скратена постапка и во втор.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправа по Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2013 година.

02.09.2014 - 09:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега